
Заврши Државното првенство на Македонија во тенис, а нови шампиони се Александра Симева и Шендрит Деари.
За Симева ова е четврта шампионска титула, а го играше своето петто финале, додека Деари во своето седмо финале ја освои втората шампионска титула.
Резултатска неизвесност имаше во машкото финале во Дејвис куп репрезентативецот на Македонија, Деари со 2-1 во сетови го совлада Стефан Мицов, Деари го доби првиот сет со 6:1 во гемови, а Мицов со истиот скор го доби вториот сет и мечот се решаваше во третиот сет, кој му припадна на Деари со 6:4. Со оваа победа во финалето Деари го изедначи скорот на 2-2 против Мицов во финалните мечеви за титулата државен првак.
Во женското финале Симева со 2-0 во сетови ја победи Ана Митевска. Првиот сет Симева го доби со 6:2 во гемови, а во вториот се решаваше во тај брејкот, кој Симева го доби без загубен поен.
Александар Ванев, М-Нет