
За рекордни три минути и дваесет секунди 59 годишниот Илчо Стојков ја изеде пастрамалијата во трката за брзо јадење. Инаку учеството и на други натпреварувачи за него не претставуваше никаов проблем бидејќи тој 14 година по ред се натпреварува, а 11 години освојува прво место. Додава дека самата манифестација е белег на градот и тој ќе продолжи да се натпреварува во следните години и ги предизвикува сите оние кои се заинтересирани во следните години да се натпреваруваат и да го победат.
„Го поздравувам градот Штип за пастрмалијадата што ја организираат, тоа е добра работа за секој. Се натпреварувам 14 година по ред, 11 години сум прво место, а останатите години сум второ место и пожелувам на сите нека ме победе некој ако може. Па техниката е таа прво зимам средината, по мекото, за да може да клиза, малку водичка и тоа. Па секако ќе учествувам додека можам, јас сум 59 години. “- изјави Стојков
Стојков посочи дека според него техниката која ја кориси за брзо јадење на пастрамалијата е да ја изеде прво средината, а потоа и корите од страна. Пред натпреварувањето во брзо јадење на пастрамајлија имаше и трка на келнери, каде учествуваа тројца и добиа вредносни ваучери за прво, второ и трето место. Инаку вчера изедени се околу 15.000 пастрамајлии.
Лаура Стојанова, М-Нет