
Четири тенисери од Македонија се дел од Еврпоското првенство во Австрија за играчи до 18 години.
На Европското првенство од Македонија доаѓаат двајца тенисери и тенисерки. Амар Хусеиновиќ и Александар Трифуновски во машка, Ана Митевска и Теона Андова во женска конкуренција се дел од шампионатот во Австрија.
Во рамки на првото коло Амар Хусеиновиќ е слободен, додека Трифуновски загуби од Сандер Сивертсен од Норвешка со 2:0 во сетови. Во женска конкуренција во првата рунда Ана Митевска загуби од Миа Поханкова од Словачка исто така со 2:0 во сетови, додека Теона Андова е елиминирана од Јулија Богатин од Словенија со идентичен резултат од 2:0 во сетови.
За македонските тенисери ваквите натпревари и настап на вакви шампиони се повеќе од важни и потребни во развојот на нивната кариера. Сега пред македонските тенисери и тенисерки се натпревари во конкуренција на двојки.
Александар Ванев, М-Нет