
Пожарот е изгаснат меѓу вештачкото езеро Мантово и местото викано 20 километар на регионалниот пат Штип-Радовиш, информираше портпаролот на Центарот за управување со кризи, Илија Бојаровски. Гаснењето на пожарот се одвиваши околу шест часа, а беа зафатени од 15 до 20 хектари сува трева, грмушки и квалитетна густа шума кон атарот на село Пиперово. Токму поради ова во акцијата беше вклучен полициски хеликоптер, кој вода полнеше од езерото Мантово.
М Нет претходно информираше дека на терен со пожарникарите и и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, а командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев рече дека пожарот е пријавен околу 14 часот, во неговото гаснење беа вклучени пожарникари од Штип, Радовиш и од Доброволното Противпожарно друштво од Општина Конче.
-Досега на територија на Општина Штип на отворено имаме интервенирано на околу 68 шумски пожари, стрништа, ниско стеблеста шума. Ова е првпат оваа година да се вклучи хеликоптер во гаснење на пожарите во штипско-карбинскиот регион, бидејќи досега успевавме сами да се справуваме и да ги гаснеме пожарите, вели Коцев.