Брера го доби шампионот Струга за три од три на стартот од сезоната!

Денес се комплетираше 3. коло од ПМФЛ, откако беше одигран мечот меѓу шампионот Струга Трим Лум и Брера, кој заврши со триумф од 1:2 за струмичани.

Брера која има италијански стручен штаб има максимален учинок на стартот од новата сезона, откако по победите над Вардар и Воска на домашен терен денес победи и над Струга на првиот меч на гостински терен во новата сезона.

Ване Крстевски во 26. минута постигна гол и го отвори резултатот за водство на Брера, која на полувреме имаше предност од 0:1.

Во вториот дел најдобриот стрелец во мак-фудбалот, Бесарт Ибраими постигна израмнувачки погодок за 1:1.

Во 71. минута Врдољак го врати водството за Брера на 1:2, а воедно тоа беше и конечниот резултат на денешната средба одиграна покрај Охридското Езеро.

Во следното коло Брера Струмица игра против кавадаречки Тиквеш, додека Струга ќе се соочи со повратникот Вардар.