Извршена ждрепката за 1/8 финалните парови од Футсал купот на Македонија

Вчера беше извршена ждрепката за 1/8 финалните двојки во рамките од Футсал – купот на Македонија. Најпрвин треба да се одиграат неколку квалификациски натпревари помеѓу второлигашки екипи кои понатаму продолжуваат во осумте парови. Штипскиот прволигаш Астибо ќе гостува во Струга, додека пак тимот на Астибо ќе биде домакин во Штип. Еве ги комплетните парови за ова 1/8 финале од купот на Македонија:

  1. Кеги Моби – Проект Јосифово или Овче Поле
  2. Железарец – Шкупи
  3. Арбен Бајрами – Проект Цико
  4. Клими – Карадаку
  5. Јувентус Серава – СЕЕ Универзитет или Шкендија
  6. Мал Ајакс – Црна Река
  7. Кратово – Велес
  8. Енхалон или Велешта – Астибо

Осмина – финалните куп – натпревари ќе се одиграат на 6 и 7 февруари, се игра само на еден натпревар и победникот продолжува понатаму. Што се однесува до првенствениот дел во Првата Футсал лига на Македонија тој ќе започне на 13 и 14 фебруари.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk