Традиционалната спортска манифестација – Избор на спортист на град Штип за 2020 година, вечерва ќе се емитува директно на програмата на Мнет телевизија

Со цел да им се излезе во пресрет на огромниот број спортски вљубеници кои се традиционални посетители на Изборот на спортист на град Штип а поради строгите протоколи се спречени, екипата на Мнет телевизија реши да врши директен пренос од оваа спортска манифестација. Протоколот во салата на општина Штип предвивува присуство на најдобро прогласените спортисти, официјалните лица како и на медиумите без присуство на публика и одтука оваа манифестација ќе ја доближиме до сите оние кои го милуваат спортот и ќе можат заеднички да се радуваат на успесите на најдобрите. Директниот пренос од оваа традиционална спортска манифестација се реализира во соработка со локалната самоуправа и комисијата за спорт на Штип и ќе започне во 18.00 часот на програмата на Мнет ТВ.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk