Етапно исплаќање на јануарските пензии дава резултати

Етапното пуштање на пензиите за месец јануари 2021 година кое започна вчера, дава резултати. Поради пандемијата со Ковид 19 и гужвите кои се создаваа пред банките, а со цел да се намали ширењето на корона вирусот, пензијата се испушта четири дена, со известување на граѓаните до која сума кој ден можат да ја подигнат истата. Денеска се исплаќаат пензиите во висина од 11 001 до 14 илјади денари. Сведоци сме дека и покрај етапното исплаќање на пензии гужвата се создаваше пред банките. Денеска дали заради ниските температури и ветерот кој е присутен во Општина Штип, немаше многу граѓани пред банките, во попладневните часови, а утринава нивниот број беше поголем. Заради тоа мислењето на штипјани колку ваквиот начин на пуштање пензија и штитење од Ковид пандемијата е поделен. Додека едни мислат дека влијае позитивно други се со спротивно мислење.

Утре 28 јануари ќе се исплаќаат пензиите од 14 001 до 18 илјади денари а на 29 јануари пензии во висина над 18 илјади денари соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика. Пензионерите кои користат платежна  картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од вторник  26 јануари . Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања. Од министерството со апел до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати бидејќи истиот е направен да се почитуваат мерките и протоколите за заштита од ширење на Ковид 19.

Лаура Стојанова М-Нет