
Врз основа на испратени претставки до Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) за непријатен чад што се јавува од горењето на нестандардна депонија Трештена скала во Штип, на ден 27.6 е извршен вонреден инспекциски надзор од страна на Државен Инспектор за животна средина од Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Североисточен и Источен регион, Канцеларија Штип, соопштија денеска од ДИЖС На самата депонија инспекторите забележале многу расфрлан отпад надвор од просторот за депонирање или депониското чело и без контрола за неговата точна локација во депониското чело.
-Со Решение како втор акт во инспекциска постапка правниот субјект е задолжен:
-Во рок од седум дена ЈП , Исар”Штип да го спречи димењето на отпадот во нестандардната депонија Трештена скала, и во иднина да врши континуирана контрола за да не се појавува повторно димење, се вели во соопштението на ДИЖС
На ЈП ,,Исар” Штип дадено е рок од 30 дена и да го дислоцира отпадот кон главното депониско чело, бидејќи депониското чело не почнува од пределот каде што е поставена зелената капија, туку повнатре после бетонските ѕидови од некогашна гаража каде се машините за потребите на нестандардната депонија.