
Улицата „Кеј Маршал Тито“ ќе ја коригира изведувачот, истакна денес градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Откако надзорот утврдил неправилности во реконструкцијата на улицата која беше асфалтирана пред околу една година, сега изведувачот на свој трошок ќе ја коригира. Според Јорданов, проверка на сите проекти ќе има за да може да се утврди на каков начин се трошат парите на граѓаните.
Сообраќајот на овој дел од улицата ќе се одвива непречено во овие неколку дена, по што во вторник ќе се затвори, кога и ќе се стави новиот асфалтен слој.
Проверка на улицата се вршеше веќе извесно време, за што Јорданов пред околу три месеца истакна дека се чекаат резулати од испитувањата на асфалтната маса. За недостатоците на ул. „Кеј Маршал Тито“ беше свесен и претходниот градоначалник, од што беше јасно дека изведувачот ќе мора да прави корекција на главната артерија во градот.
Ребека Спасова М-Нет