Населба Баби во Штип добива ново модерно игралиште за сите генерации

Штипската населба Баби ќе добие модерно и реконструирано спортско – рекреативно игралиште, кое ќе може да го користат сите жители. Таму веќе неколку дена активно се работи на уредувањето, во кое се вклучени целосна обнова на игралиштето, хортикултурно уредување и други активности.

Ова е првата фаза од уредувањето на ова место, по што ќе се уреди и остатокот од паркот кој се простира кон основното училиште „Славејко Арсов“ во населбата. За првата фаза од реконструкцијата ќе се одвојат 4.000.000 денари, а за вториот дел кон училиштето ќе се издвојат дополнителни средства во висина од околу 4.500.000 денари. Финансиските средства се обезбедени од општинскиот буџет.

Ребека Спасова М-Нет