
Со вода и освежување на живеалиштата, ЗОО паркот Бриони во Штип подготвен да се справи со високите летни температури. Раководителот на паркот, Драган Стефановски, уверува дека сите потребни мерки се преземени за заштита на животните од жештините. Тој рече дека најмногу предизвици со жешкото време имаат елените, но и за нив, како што вели раководителот, обезбедени се соодветни и безбедни услови за престој.
,,Зоолошката како и секоја година во летниот период е подготвена за жешките температури. Се врши дотор на свежа вода постојано. Се освежуваат и живеалиштата, така да нема никаков проблем со жешките температури. Eлените како животни имаат најмногу проблем со жешкото време, но тие во Штип имаат безбедни живеалишта.“, вели Стефановски
Кога станува збор за исхраната, проблеми нема. Храната е редовна и квалитетна, но најголем предизвик во моментов е обезбедувањето на доволно вода.
,, Со храната животните немаат проблем, истата е постојана и внимаваме да биде квалитетна засега најголем проблем е водата, но кај нас ние вода им даваме постојаноПа имаме голема посетеност од градинките, од училиштата, така да прекрасно е во овој период во зоолошкит парк.“, рече Стефановски
Со внимателна грижа и редовен надзор, ЗОО паркот Бриони останува безбедно и пријатно место и за животните и за посетителите, дури и во најтоплите денови од годината.
Иван Митев, М-Нет