
Од денеска започнуваат Петровденските пости – период на духовно и телесно прочистување, кој го практикуваат православните христијани пред празникот на Светите апостоли Петар и Павле, на 12 јули. Постот има двојна димензија – духовна и физичка. Верниците се воздржуваат од мрсна храна, се препорачуваат молитва, простување, добри дела и внатрешна тишина. За разлика од Велигденскиот пост, Петровденскиот е поразличен – се дозволува риба, масло и вино во одредени денови. Постот секоја година започнува различно, во зависност од датумот на Велигден, но секогаш завршува на ист датум – 12 јули. . Петровденскиот пост, според свештениците не е обврска, туку можност да се биде подобар човек. Од здравствен аспект,пак лекарите велат дека, доколку се практикува правилно, постот може да има позитивно влијание врз телото – како еден вид детоксикација. Петровденските пости се пократки и поприфатливи за повеќето верници, па затоа и повеќето граѓани го практикуваат. Во време на брз живот и секојдневна бучава, Петровденскиот пост нуди можност за пауза – за душата, но и за телото.
Иван Митев, М-Нет