Земјотрес синоќа почувствуван во Скопје

Земјотрес со локална магнитуда од 2,5 степени според Рихтеровата скала синоќа во 21:54 часот е регистриран во скопското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според Опсерваторијата, земјотресот бил почувствуван од жителите на Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Од Сеизмолошката опсерваторија ги повикуваат граѓаните кои го почувствувале земјотресот да го пополнат прашалникот, кој е достапен на нивната веб-страница, со цел прибирање податоци за сеизмолошките истражувања.

Текстот Земјотрес синоќа почувствуван во Скопје е превземен од МАКФАКС.