Земјотрес почувствуван во западниот дел од Македонија

Земјотред од 2,9 степена според Рихтеровата скала, утрово, во 6.15 часот, бил регистриран во реонот на Маврово.

Од Сеизмолошката опсерваторија соопштија дека епицентарот на земјотресот е на 65 километри југозападно од Скопје.

Според досегашните податоци, овој земјотрес бил почувствуван од населението во Маврово, Гостивар, Тетово, Дебар, Охрид и Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Текстот Земјотрес почувствуван во западниот дел од Македонија е превземен од МАКФАКС.