Земјотред од 2,9 степена според Рихтеровата скала, утрово, во 6.15 часот, бил регистриран во реонот на Маврово.
Од Сеизмолошката опсерваторија соопштија дека епицентарот на земјотресот е на 65 километри југозападно од Скопје.
Според досегашните податоци, овој земјотрес бил почувствуван од населението во Маврово, Гостивар, Тетово, Дебар, Охрид и Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Текстот Земјотрес почувствуван во западниот дел од Македонија е превземен од МАКФАКС.