Полека но сигурно политичката ситуација во Штип се вжештува пред претстојните локални предвремени избори кои треба да се случат на 13 ти декември. И денес со нешто ново од редовите на општинскиот комитет на ВМРО излегоа со прес пред медиумите.
Да си доктор во ек на светска пандемија да ставаш акцент на политиката наместо на лекарската дејност е неетички и срамно по себе. Но кога јавноста ги знае претходните случувања овој тек на настаните е очигледен. За да ја спаси својата фамилијарната компанија од стечај Николов се насочува кон функцијата градоначалник иако беше советник сега е пратеник немаме слушнато ниту еден политички став на докторот кое отвара дилема дали е способен за политичкото скалило градоначалник. Наместо како доктор во својата партија да укажува дека е опасно за спроведување на предвремените локални избори. Очигледни се само личните интереси спасот на фамилијарните и партиските компании богатството и тендерската заработка.
Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ бараат поголема одговорност од погоре споменатите, бидејќи здравјето на граѓаните треба да биде побитна од политиката и личниот интерес.