
Старата градска депонија во Штип, која се наоѓа на потегот меѓу населбите Ново село, Пребег и Железничка, повторно гние во ѓубре. Оваа локација викана кај Крстот им е позната на Штипјани како место на кое може да се фрла градежен материјал и шут. Но, она што денеска го видовме таму беше сосем поинакво. Немилата слика којашто е секојдневие за луѓето коишто живеат во овој дел на Штип ги вознемирува се повеќе. Одговор за глетката која ужаси побаравме и од надлежните. Соња Китанова- сектерар на Општина Штип, во изјава ни кажа дека на тендер се доделува одговорноста за чистењето на депонијата. Истата се чисти на секој два месеци, или ако е пренатрупана и почесто. Но, граѓаните не ја почитуваат одлуката на депонијата да фрлаат само градежен материјал и шут, па може да се најде секаков вид на отпад – вели, Китанова. И покрај тоа што овој проблем ги засега граѓаните на овој дел од Штип, сепак продолжуваат во времето кога нема никој да се ослободат од се што им е непотребо. Китанова исто така, апелираше за подигање на нивната свест за да нема проблем со загадувањето. Зачувувањето на здрава и чиста животна средина е цел на секој поединец. Со тоа добиваме поквалитетен начин на живот и можност за спречување од ширење на секакви несакани болести.
Лаура Стојанова М-Нет