
Раздвижен пазарен ден на градскиот пазар во Штип. Цените на производите поевтини за 10 до 20 денари споредбено со претходните пазари и тоа влијаеше граѓаните да излезат и да купат нешто плус. Оние кои имаат поголеми примања купуваат повеќе, останатите само најнеопходното, но сите согласни дека храна мора да се купи.
„Одлични се цените во однос на претходната година, цените со 10-20 денари се поевтини, добри се цените во просек. Па мислам дека е доста добар и компир има квалитетен, добар е и евтин е компирот за разлика од лани овоа време. Не знам дали за овој период или оваа година некако немаат вкус ниту блажина, и мирис, не знам што е работа важно не се како што беа од годините.“- велат купувачите.
Задоволителен е пазарот и за продавачите. Велат дека врнежите од дожд добро влијале врз производството. Има доволно овошје и зеленчук заради тоа и пониски цени прифатливи за купувачите. На тоа влијае и побарувачката која денеска беше повеќе од прифатлива.
„Вака да кажеме да се заблагодареме најпрво на Господ затоа што дождовите дојдоа во прав момент и периодов многу добро дојдоа на производите особено на бостанот и лозјето. Пазарот денес добро се движи, има раздвиженост, цените сега за сега се пристапни. Па може да кажеме дека сме задоволни, презадоволни за тоа.“ – велат продавачите.
Домати, краставици, пипер, но и овошки како праски, бостан најбарани на денешниот пазар во Штип.
Лаура Стојанова М-Нет