
Дел од членовите во Ловното здружение „Ловец“ од Штип незадоволни од раководството и начинот на кој се носат одлуките. Реагираат, бидејќи како што велат еден човек е и претседател и ловочувар, а врши и секретарски должности. Дополнително додаават дека сам носи одлуки, прима и отпушта членови во здружението.
„Членовите се незадоволни, бидејќи ние имавме проект претходно добивме пари од опптината и тие пари стојат непотреошени, а треба да се вратат. Претседателот ги го присвои Ловното здружение, тој е и ловочувар, и е претседател и врши секретарски должности, а исто така сам прима и отпушта членови без причина.“ – вели Малинов.
Незадоволните членови бараат претседатело да си поднесе оставака и да има нови избори. На таков начин додаваат дека ќе се надминат сите неправилности во здружението и тоа ќе функционира согласно Законите и во полза на сите членови.
„Ние бараме тој да си поднесе оставка и да има нови избори. Тој по Закон не смее да биде претседател бидејќи е вработен во министерството за внатрешни работи. Тој си го користи ловното здружение за свои интереси, оди на лов кога сака, како сака и со кого сака.“ – вели Малинов.
Од Ловното здружение Ловец дека одлуките во здружението се носат согласно статутот кој треба да се почитува.
Лаура Стојанова М-Нет