Започнуваат градежните активности на ул. „Панче Караѓозов“ во Штип

Водејќи се по барањата на граѓаните, започнува да се реалзира уште еден капитален проект за штипјани, односно темелна и целосна реконструкција на ул.„Панче Караѓозов“. До сега се работеше на поправање на атносферскиот канал, а денеска увид во  реалзиција на овој преокт изврши Министерот за Транспорт и врски Благој Бочварски, заедно со градоначалникот Николов.

„Започнуваме со уште еден капитален проект за Штип и за граѓаните на Штип, а тоа е темелна и целосна реконструкција на ул.„Панче Караѓозов“, а од овде најавувам дека во наредните денови започнуаме со целосна реконструкција и модернизација на главната крстосница во населбата „Сењак““ – додаде Бочварски.

За Општина Штип од голема важност е секој улица без разлика дали е голема или мала таа треба да биде функционална. Николов истакна дека проектот за реконструкција на улицата Панче Караѓозов беше предвидено реконструкција на канализационата мрежа, улицата и тротоарите. Атсмоферскиот канал останува отворен бидејќи тој ги собира сите дождовни и протечни води , но ќе се направи заштита за граѓаните да бидат безбедни.

Веќе нема пречки за извршување на активностите на улица „Панче Караѓозов“ па според Николов се очекува оваа улица да биде завршена за околу две недели. Бочварски додаде дека ова не е единствениот проект на кој се работи во моментот во Источниот дел од државата, посочувајки ја обиколницата во Штип, експресниот пат Штип – Кочани и слично.

Лаура Стојанова М-Нет