Друга улица ист проблем, штипјани наместо по тротоарите мора да се движат по коловозите

Проблемите со паркинг обележаните простори во град Штип, просторот за минување на пешаците, инвалидните лица, паркираните возила по тротоарите за штипјани се секојдневие. Ако вчера со реакција беа жителите од улица „Борис Кидриќ“ бидејќи немаат простор за минување денеска со иста таква реакција се граѓаните кои ѓивеат и минуваат по булеварот „Партизанска“, веднаш до граскиот стадион. На тротоарите паркираните автобуси ги спречуваат граѓаните да се движат по за нив наменетиот простор, па истите мора да пешачат по коловозот. Од овде се поставува прашањето колкава е овде нивната безбедност.

Одговор за ваквата ситуација на еден од најфрекфентниот булевар во Штип, побаравме од надлежните. Ќе се преземат ли активности да се реши овој проблем и да се зголеми безбедноста на граѓаните.  Директорот на ЈП „Стипион“, Трајче Коштанов истакна дека решение ќе има, а поконкретен одговор најави за од понеделник.

Лаура Стојанова