
Фудбалската репрезентација на Македонија на големо се подготвува за претстојните квалификациски средби за СП Катар 2022 година. За прв пат нашата селекција ќе ја започне новата фудбалска ера по „пензионирањето“ на Горан Пандев како и со деби настап на новиот селектор Благоја Милевски. Македонија веќе утре, четврток на фудбалската арена Тодор Проески ќе се сретне со селекцијата на Ерменија и овој натпревар ќе покаже како и колку се подготвени новите сили на кои селекторот Милевски ќе смета во наредниот период. Натпреварот рековме ќе се одигра во четврток со почеток во 20.45 часот. На 5 септември фудбалската репрезентација ќе гостува во Рејкјавик и ќе се сретне со селекцијата на Исланд. Третиот квалификациски меч Македонија на 8 септември ќе го одигра во Скопје против селекцијата на Романија. Инаку нашата селекција во овој квалификациски циклус досега одигра три натпревари, Пораз на гости од Романија од 3:2, домашна победа од 5:0 против Лихтенштајн и сензационална гостинска победа против Германија изразена со резултат 2:1. До крајот на оваа календарска година Македонија ќе се сретне уште со Лихтенштајн и Ерменија во гости а дома во Скопје ќе ги пречека Германија и Исланд.
Драги Герасимов – Пушка mnet.mk