
Прволигашот ФК Башкими од Куманово продолжува со засилувањето на тимот пред новата сезона, а најновото име во составот е искусниот централен дефанзивец Фати Исмаили.
Кумановскиот клуб официјално го претстави Исмаили, кој зад себе има богато искуство во македонскиот фудбал. Во досегашната кариера тој ги носел дресовите на познати македонски клубови како Шкупи, Работнички и Гостивар, а настапувал и во Косово, каде што бил дел од Вуштрија и Динамо Феризај.
Во Башкими очекуваат неговото искуство, сигурност и смиреност да бидат значаен фактор за стабилизирање на последната линија.
Од клубот му посакаа добредојде на новото засилување и порачаа дека заедно продолжуваат кон остварување на поставените цели.