
Денес започна реконструкција на улицата Мирче Ацев, улица која води до средното медицинско училиште Јане Сандански. Увид на лице место изврши градоначалникот, Иван Јорданов, кој посочи дека најпрво ќе се започне со третирање на тортоарските површини за безбедност на пешаците, со поставување на столпчиња, обезбедување на паркинг место, а потоа и асфалтирање на дел од оштетената улица.
„Се наоѓаме на улица „Мирче Ацев“ која води до СОУ „Јане Сандански“ една фреквента улица со многу движење која што досега не беше уредена, започнуваме со третирање на тортоарските површини за да обезбедиме безбедно движење на пешаците, веднаш е планирано и обезбедување на простор за паркирање на возилата на жителите од оваа улица и оградување на тортоарите со заштитни столбчиња за безбедно движење на ученицте. Паралено на оваа ќе се изасфалтираат делови кои се оштетени.“ – вели Јорданов.
За реконтрукција на самата улица од Буџетот се предвидени помалку од еден милион денари, а по барање на граѓаните во наредните месеци е планирано и изградба на парк со различни содржини.

„Но, паралелно на ова за оваа населба е планирано исто така во наредните месеци да се започне со изградба на парк кој е барање на жителите на улицата со различни содржони. Вкупната инвестиција на тортоарската површина која што ќе се третира во наредната недела е нешто помалку од еден милион денари, а другите активности кои ќе се реализираат веднаш по завршувањето на уредувањето, дополнително ќе ги знаеме износите со завршувањето на тендерските постапки.“ – изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип
Воедно градоначалникот најави дека во текот на пролета се планира урбанизирање на целиот град со реконструкција и третирање на улиците и тортоарите.
Лаура Стојанова М-Нет