Богата програма и низа проекти за реконструкција се предвидени во штипскиот Центар за култура

Богата сезона е предвидена во Центарот за култура „Ацо Шопов“ Штип во периодот кој следи. Во месец март се предвидени два големи концерти на српски и македонски музички ѕвезди, а предвидена е и втора концертна сезона со 15 концерти. Во меѓувреме продолжува и периодот на одржување на театарски претстави, па како што вели директорот, Горан Трајков, ќе се задоволат вкусовите на сите граѓани.

„Имаме и втора концерта сезона и ќе се одржат повеќе од 15 големи концерти. Во месец март имаме 15 театарски престави, со што ќе се задоволат сите вкусови на граѓаните.“ – вели Трајков.

Во меѓувреме предвидени се и нови проекти со што ќе се пристапи кон реконструкција на внатрешноста на Центарот за култура, промена на врати и прозорци и слично, со што се очекува во 2025 година Ценатрот да добие сосем нов изглед.

„Имем предвидено со новите проекти, ќе се реновира големата сала во Центарот за култура, ќе се воспостави ново греење, нова енергетска фасада, нови прозорци и врати и со тоа ќе добиеме едно ново руво“ – додава Трајков.

Трајков вели со влегувањето на средства во Центарот за култура се инвестира во реконструкција и промена на инвентар со што се подобрува изгледот и самите услови кои Центарот за култура „Ацо Шопов“ – Штип ги нуди на граѓаните.

Лаура Стојанова М-Нет