
Нова сообраќајна несреќа на патот Штип – Велес, кај Свети Николе. Во сообраќајната несреќа согласно податоците на СВР Штип учествувало само едно возило кое излетало од коловозот. Кај нив сообраќајната несреќа е пријавена во 9:12 часот утринава. Во Овчеполе, патничко моторно возило „цитроен“ излетало од коловозот. Истото се движело од Велес кон Штип, а возчот изгубил контрола на возилото. Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот констатирани во штипската Клиничка болница. На лице место увид изврши увидна екипа од СВР Штип. Возилото беше извлечено со помош на трактори.
Лаура Стојанова М-Нет