Започна реконструкцијата на кочанската Општа Болница, ќе се набават и нови апарати

Започнаа активностите на терен со цел реконструкција на Одделот за физикална терапија при Општа болница Кочани. Паралелно со ова ќе се работи и на рекоснтрукција на тоалетите на неколку други оддели. Како што посочи директорката Катерина Мирчовска, со реконструкција на кочанската болница се подобруваат условите за пациентите, пред сѐ за повредените од пожарот во дискотеката.

„Планирано е покрај активностите на Одделот за Физикална терапија да се направи реновирање на тоалетите на одделите хирургија, гинекологија, неврологија“ – вели Мирчовска.

Предвидено е со реконструкција да се обезбеди нова просторија за ласер терапија, електор терапија, како и да се набават нови апарати. На Одделот за физикална терапија мометнтално се околу 45 пациенти од повредените од Пулс, кои имаат потреба за подобри услови за лекување.

„Ќе се реконстриура комплетно салата за Физикална медицина, ќе има нова просторија за ласер, електро, магнет терапија и планирани се нови апарати кои ќе бидат мултифункционални за да се обавува комплетната терапија на еден пациент.“ – додава Мирчовска.

Додека е во тек реконструкцијата на кочанската Општина болница, повредените од пожарот на терапија ќе одат на одморалиштето на Пониква, а останатите хронични болни во КБ Штип.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет