Обвинение за 34 физички и три правни лица во врска со трагедијата во Кочани

Обвинителството подигна обвинение против 34 физички и 3 правни лица во врска со трагедијата во Кочани, потврди денеска на прес-конференција јавниот обвинител на Република Македонија, Љупчо Коцевски. Обвинетите се со сериозни кривични дела поврзани со настанот што ја потресе јавноста. Обвинителството ги гони лицата за, како што беше наведено, тешки кривични дела меѓу кои – несовесно работење, пропуштање на мерки за безбедност, како и други дела поврзани со загрозување на животот и здравјето на граѓаните.

Истовремено, постапката е запрена за единаесет лица, поради немање на докази. Обвинителството утврдило дека кај овие лица не постојат доволни елементи за кривична одговорност.

Сега, целиот случај се следи во судниците – каде ќе се води една од најобемните постапки досега во земјава. Јавноста со внимание ќе го следи случајот, додека семејствата на загинатите и повредените чекаат правда.

Иван Митев, М-Нет