
Започна партерно уредување на три станбени згради на територија на Општина Штип. Се поставија павер елементи, а се пристапи и кон хортикултурно уредување. Средстваата се обезбедени од Буџетот на Општина Штип.
„Се врши партерно и хортикултурно уредување, заедно со екипи на ЈП Исар. Вкупната вредност за ова уредување на овие три станбени згради е 400 илјади денари. По зацвршувањето на поставување на павер елементите и уредувањето на зелените површини, верувам дека истите влезови ќе бидат оддршувани од страна на жителите на овие згради.“ – кажа Јорданов.
Наредниот период хортикултурно ќе се уредуваат сите влезови пред станбените згради на територија на Општина Штип.
„ЈП Исар во наредниот период ќе се посвети кон партерно и хортикултурно уредување на станбените влезови ширум градот.“ – додаде Здравков.
Во склоп на подготовките за новиот Буџет за 2023 година, Јорданов и Здравков ги повкаа граѓаните да даваат предлог идеи за да може да се вментат во Буџетот и наредната година да се реагира и инвестира.
„Во фаза сме на изработка на новиот Буџет за 2023 година. Ги повикувам граѓаните кои живеат во стабени згради да дадат свој предлог, идеја за да ги вклопиме во новиот Буџет. Останатите станбени единици и згради на територија на Општина Штип да бидат исто така влезени во програмата и во Буџетот 2023 година и со едно рационално работење да се преуредат сите влезови пред стабнбените згради во Штип. “ – додаде Јорданов.
Уредувањата придолжуваат и во наредниот период додека дозволуваат временските услови. Во меѓувреме се работи и и на останати проекти како реконструкција на водововод и канализација и асфалтирање на улици.
Лаура Стојанова М-Нет