Инвеститорот има рок од два месеца да ги исплати пеналите за земјиштето кај „Промаја“

Ако во рок од два месеца не се испалатат пеналите од страна на инвеститорот кон Општина Штип, ќе се пристапи кон одземање на земјиштето пред зграда Промаја во Штип. До сега се доспеани над еден милиони денари средства за пенали, од кои подмирени се половина милиони денари од страна на инвеститорот. Градоначалникот Јорданов истакна дека известување е испратено и потоа ќе се одлучува за земјиштето пред овие згради.

„Одобрението кое што е издадено треба да биде реалиизрано, односно требало да се започне со градба, но никогаш не било изградено, немало градежни активности. Општина Штип неколкупати до сега има известување за пеналите кои треба да се наплатат заради одложувањето на времетраењето.„ – кажа Јорданов.

Конфигурацијата пред зградите не е соодветна за на неа да никне нова зграда или објект, дециден е Јорданов. Тој истакна дека доколку ова земјиште се врати во државна сопственоста ќе се уреди од страна на Општината, според потребите на граѓаните.

„Ветувам дека инвеститорот во најмал рака треба да се придржува до Законите. Ова место според конфигурацијата не соодвествува за да овде никне некоја зграда, затоа што конфигурацијата не дозвоува такво нешто. Ако се врати на општината овој простор ќе биде пренаменет за потребите на граѓаните.“ – додаде Јорданов.

Жителите од зграда Промоја својот револ вчера го искажаа преку мирен предупредувачки протест. Земјиштето е продадено пред шест години, а инвеститорот со градежни активности започнува дури сега. Поддршка добија и од градоначалникот Јорданов, кој вети решавање на ваквиот проблем.

Лаура Стојанова М-Нет