Замрзнувањето на цената на лебот ќе стави клуч на врата на пекарите во Штип

Од среда по продавниците нема да има бел и полубел леб со цена повисока од 33 денари. Владата истакна дека од први март ќе се замрзнат цените на лебот, бидејќи дел од компаниите и покрај тоа што добија поевтина цена на струјата, не ги намалија цените на произвдите. Но, и покрај најавите за замзнување на цените на лебот, граѓаните на терен остануваат песимисти. Велат дека со тоа нема да почувствуваат драстична промена, бидејќи според нив високи се цените на сите производи.

Сопственците на штипските пекари не сакаат да бидат песимисти, ама велат дека ваквите мерки водат кон ставање клуч на врата. Додаваат дека ќе се придржуваат до мерките донесени од страна на Владата, ама останува под знак прашалник дали ќе произведуваат само леб или и бели пецива.

„Па ние секако ќе се придржуваме кон оваа одлука, мора да се придржуваме. Што ќе значи, па јас не сакам да бидам прогнозер за она најцрното дека ќе ставиме клуч на врата, но ќе се бориме до дека можеме. Ќе видиме до каде ќе не доведе се ова. Цената беше 40 денари, пред два месеци го намаливме на 38денари, пред околку една недела го намаливме на 35 денари.“ – вели Малинов.

Ако се намалат и цените на останатите бели пецива за три до пет денари ситуацијта ќе биде уште по алармантна додаваат од пекарите. Во таков случај ќе се намали и бројот на вработени и производството на бели пецива и леб.

Лаура Стојанова М-Нет