Над 90% од проектите на штипскиот Музеј одобрени од Министерството за култура

Околу 90% од предложените проекти на НУ Завод и Музеј Штип се прифатени за рализација оваа година од страна на Министертсвото за култура. Директорот на установата, Митко Штерјов е задоволен од програмата за оваа 2023 година, и покрај тоа што сумата е намалена и не се одобрени побараните финансиски средства. Оваа тековна година ќе се продолжат проектите во Свети Николе, Карбинци, на Мантово и Пилав Тепе.

„Едни од позначајните проекти се конзервација на владетелската палата на Билазора во Свети Николе. Во доменот на заштита ги имаме проект конзервација на археолошкиот локалитет Баргала во Карбинци. Продолжуваат и истражувањата на Мантово и на Пилав Тепе“ – вели Штерјов.

Во делот на проекти кои ќе бидат реализирани во Штип се низа изложби во Безистенот, како и чистење на споменикот на револуцијата на Исарот, кои спаѓаат во делот на музеологијата.

„Покрај започнатите проекти, имаме дел и од музеологогијата, имаме неколку изложби. Една карактеристична односно убава изложба ќе биде од сите слики кои ги имаме во депото на музејот. Споменикот на револуцијата на Исарот кој е во надлежност на општината, оваа година по одлука на Министерството ние како институција ќе ја извршиме конзервацијата односно чистењето на споменикот.“ – вели Штерјов.

Проектот за Саат кулата во Штип и оваа година не е во низата прокети кои ќе бидат реализиарни, не е одобрен ниту од страна на Министерството ниту преку ИПР програмата.

Штрејов додаде дека за овој проект ќе аплицираат до пповеќе фондови за да се добијат финансиски средтсва и да се пристапи кон реализсција на проектот.

Лаура Стојанова М-Нет