„Ако имаш донеси, ако немаш однеси“ – закачалката на добрита сведочи за хуманоста која ја покажуваат граѓаните на дело. Поставена на познатата „едносмерна“ улица во Штип, се полни со храна и облека од граѓани кои имаат и кои сакаат да помогнат, а се празни од оние кои немаат и благодарение на оваа закачалка добиваат барем еден оброк во текот на денот, или некое парче облека. Граѓаните во Штип велат дека иако немаат којзнае колку сепак честопат оставаат храна на оваа закачалка, за да може да јадат сите. Велат дека има и некултурни луѓе кои земаат повеќе од колку што им е потребно, но сепак дециидни се дека закачалката на добрината е позитивна работа која треба да постои.

Закачалката на добрината во Штип е поставена од страна на извидниците. Подолго време служи за место каде се остава храна, облека, се помага на посиромшните граѓани и се покажува хуманоста на дело. Оставаат и помлади и повозрасни, бидејќи како што велат парче леб или парче облека нив не ги прави богати, но за некои значи многу. Граѓаните само велат земањето од закачалката на добрината да биде одговорно, да се зема колку што е потребно за да може сите да добијат порција ручек или парче облека.
Лаура Стојанова, М-Нет