
Со асфалтирање на конзолата од хотел Оаза до плоштадот Слобода во Штип и проширување на главната сообраќајница улицата Маршал Тито завршува релаизицијата на конзоли покрај река Отиња на овој потег во градот. Со ова се проширува улицата, а се отвора можност наредната година проектот да продолжи и од другата страна на реката од ОУ Ванчо Прке до Основниот Суд во Штип.
„По завршување на празниците, почетокот на следната година продолжуваме со активности на потегот од ОУ „Ванчо Прке“ до Основниот Суд Штип, со тоа што дополнително ќе дојде до проширување на сообраќајницата „Васил Главинов“ како и започнување на изградба на турбо кружен тек пред паркот К`ртке. Очекувам во наредните месеци овие активности да започнат да се одвиваат и во првото тромесечје од 2024 година“ – вели Јорданов.
Со 12 милиони денари наредната година се очекува да бидат проширени двете улици од двете страна на река Отиња, а предвидено е во првите три месеци од 2024 да започнат активностити за изградаба на турбо кружен тек кај паркот К`ртеке. Со тоа ценарот во Штип ќе добие поинаков сообраќајен режим и повеќе паркинг места.
„На тој начин во централното градско подрачје да се размисли за овозможување на нов сообраќаен режим, за нов начин на паркирање, пошироки главни сообраќајници“ – додава Јорданов.
Задоволни од она што се работи на терен се и штипјани. Велат со ваквиот потег се работи за поголема безбедност во сообраќајот за сите учесници.
Во меѓувреме во тек е асфалтирањето на простотор за изградба на катна гаража со што дополнителноќе се зголеми бројот на паркинг места во ценатрот на Штип.
Лаура Стојанова М-Нет