
Граѓаните се сведоци на кадровата промена на СДСМ наречена „семеен непотизам“ обвинија денеска на прес конференција од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Од таму велат дека ова следи откако за најсоодветно кадрово решение за работно место „правник“ во студентскиот дом „Браќа Миладиновци“ треба да седне сопругата на актуелниот директорот на штипската библиотека, Тамер Јамаковски.
„Прашуваме дали во партиските тела на СДС како најсоодветно кадрово решение за работно место правник во Државниот студентски дом “Браќа Миладиновци” во Штип, е избрана сопругата на поранешниот директор на Гимназијата „Славчо Стојменски“, поранешен член на управниот одбор на ХС Злетовица, актуелен Директор на НУ Библиотека „Гоце Делчев“ Штип и секретар на ОО на СДС Штип, Тамер Јамаковски.
Дали пред да се распише оглас и донесе “мериторна” одлука, сестрата на Тамер Јамаковски, главна сестра во оддел во Клиничката болница и Претседател на УО на Државниот студентски дом, побарала од надлежните министерства измена на систематизацијата за местото Правник, со дополнување на образование, за да отвори местото за сопругата на својот брат. Дали, со партиски договор и комбинаторики, паднат е договор помеѓу СДС Штип и СДС Карбинци, местото правник да припадне на сопругата на Тамер Јамаковски, а на претседателот на СДС Карбинци му е ветено вработување како Трудов инспектор по подрачната единица во Штип.“ – велат од ВМРО ДПМНЕ.
Дувлото на непотизам во ВМРО-ДПМНЕ во моментот има над 60 активни огласи во училиштата под нивна ингеренција, вратија од СДСМ.
„Најмалку што имаат право да критикуваат се токму лицата од ДПМНЕ.
Дувлото на непотизам, партијата на ДПМНЕ, во моментов има над 60 активни огласи во училиштата кои се под нивна ингеренција. И тоа во време токму пред избори пробуваат да манипулираат со гласачите, кои паметат како беше во време на владеење на партијата која тоне во криминал.
И покрај огромната поддршка од централната власт, ДПМНЕ нема ништо сработено во изминатите 2 години.
Повторно имаме цели населби без вода, контејнери полни со смет, а од друга страна граѓаните плаќаат поголеми давачки.
Порака до шерифите од ДПМНЕ:
Занимавјате се со реалните проблеми на граѓаните, затоа што истите оние кои ве доведоа на власт, многу бргу и ќе ве сменат.“ – стои во писменото соопштение од страна на ОО на СДСМ Штип.
Лаура Стојанова М-Нет