По една деценија ново амбулантно возило доби кочанската Општа болница

После една деценија ново амбулантно возило доби кочанската Општа болница со проширена дејност. Возилото е обезбедено со средства од болницата и од деенска е ставено во функција со што како што вели директорката се подобруваат условите и за пациентите, но и за вработените.

„Обезбедивме амбулантно возило после една деценија за потребите на нашите пациенти, од Кочани и регионот ама и за вработените со што драстично ја подобруваме состојбата на институцијата и транспортот на пациенти. Возилото е обезбедно од лични средства на институцијата.“ – вели Георгиева-Трпевски.

Освен ново возило обезбедени се клима уреди за затоплување на болничките простории, а во план се низа проекти за наредната тековна 2024 година, меѓу кои и реновирање на болницата и набавка на нова опрема.

„Веќе имаме обезбедено нови клими. Инаку во тековна 2024 година веќе со нашата служба е договорено одредени проекти за подобрување на институцијата, реновирање и тоа веќе е ставено во планот за 2024 година. Ќе има набавка и на нова опрема која е од големо значење за нашите пациенти“ – додава Георгиева-Трпевски.

Во периодот кој следи се очекува да биде распишан оглас за нови вработувања, но како што вели Георгиева-Трпевски болницата не се соочува со недостаток од кадар оти помош има од доктори специјалисти од КБ Штип.

„За кратко време ќе има оглас за вработување на нов медицински кадар“ – додава Георгиева-Трпевски.

Проблемот со возниот пакр во кочанската болница се провлекува со години, оти голем дел од возилата се уништени на што постојано реагираат и самите пациенти. Со нови ибнвестиции и вложувања во институцијата се подобрува моменталната состојба децидна е Георгиева-Трпевски, додавајќи дека со ова тепмо на работа ќе продолжат и наредната година.

Лаура Стојанова М-Нет