
Пресудата за „Талир 2“ тема за препирки и меѓу власта и опозицијата во Општина Виница. Од ОО на СДСМ Виница велат дека ВМРО ДПМНЕ треба да им се извинат на граѓаните, а имотот кој е незаконски стекнат да се продаде и парите да се вртат назад кај грѓаните. Според нив ВМРО ДПМНЕ е партија која најмалку има право да зборува за економија и финансиската состојба на граѓаните во државата.
„Ова е криминален и коруспциски скандал од епски и невидени размери и е само дел од севкупното криминално владеење на ВМРО ДПМНЕ. Со оваа судска пресуда се консифуква целиот незаконски имот стекнат во тоа време, а во првосилноста на пресудата треба да се продаде белиот дворец и другите нелегално стекнати објекти и парите да се вратат кај граѓаните.“ – кажаа од ОО на СДСМ Виница.
Од ОК на ВМРО ДПМНЕ Виница одговорија дека таканаречените пресови за политички монтиран случај се очаен обид за дефукусирање на јавноста.
„Како што тоа го видовме во неколку градови во Македонија, така и очајните губитнициод СДС Виница ги спроведуваат директивите од централа, читајќи ги нарачаните „copy paste“ текстови. Насоките од СДС- рекетарска до нивните пиуни со очајни пресови да прераскажуваат неправосилни пресуди на судството со 8% доверба кај граѓаните и незаконски и ненавремени покренати обвиненија на обвинителката Катица Јанева, се ништо друго освен замајување на јавноста. Таканаречените пресови за политички монтиран случај се очаен обид за дефукусирање од заглавените процеси за ЕУ интеграција на Македонија и покрај нивните национални предавства, очигледниот криминал и секојдневниот пораст на основните продукти“ – одговорија од ОК на ВМРО ДПМНЕ Виница, во писмено соопштение.
Лаура Стојанова М-Нет