Од утре такси превозот во Штип поскап за 30%, граѓаните ја оправдуваат одлуката

Само влегување во такси возило од утре ќе чини 70 денари. Секој нареден километар ќе се наплаќа, па од Општината до Здравствениот Дом во Штип такси услугата ќе ве чини 90 денари. Со покачувањето на цените на нафтените деривати се покачува цената на такси услугата за 30%, а ако до крајот на месецот нема мерки од Владата таа ќе биде покачена за уште дополнителни 20%.

„Тоа што го најавивме, за почеток ќе ги укинеме сите тие привилегии што се во моменталната одлука за цената, тие гратис да не речам километри ќе ги нема. Просто кажано стартот останува 70 денари, односно секој повик ќе чини 70 денари. После секое движење на возилото и секој километар ќе се наплаќа.“ – кажа Арсов

За такси превозниците и со ваквата одлука за цената на такси услугата едвај ќе се преживее, бидејќи покачени се цените на сѐ останато.

За граѓаните покачувањето на цените на такси услугата е оправдано, затоа што е покачена цената на горивата

Арсов истакна дека до седница на дневен ред ќе дојде и побарување за промена на стартот за такси услугата, бидејќи цената на горивата расте секојдневно.

Toj истакна дека очекуваат во иднина либерализација, односно комапниитее сами да одлучуваат за цената на такси услугата.

Лаура Стојанова М-Нет