
После цели 38 години во населба „Дузлак“ во Штип се инвестира во капитални проекти кои се од големо значење за граѓаните. Со инвестиција од 1.7 милиони денари реконструирани се четири улици овде, а истото се случува и во останати општини во градот под Исарот, посочи првиот човек во Општина Штип, Сашко Николов.
„Денес сме на увид на завршените активности реконструирани и асфалтирани улици. Во населба „Дузлак“ реконструирани се неколку улици и тоа: Струмичка, Радовишка, Виничка и дел од улицата Драги Крупишки. Вкупната вредност на оваа инвестиција е 1.7 милиони денари инвестиција направена во оваа населба после цели 38 години“ – истакна Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов.
Со ваквите вложувања и инвестиции се подобрува животот на сите граѓани и штипјани, а тоа е единствената цел на градоначалникот, неговите сограѓани да живеат во подобра средина.
Лаура Стојанова М-Нет