За сите ли важи слоганот „Штип е во сигурни раце“ прашуваат од Ок на ВМРО ДПМНЕ Штип?

За речиси половина година два пати на дневен ред на Советот на Општина Штип се наоѓаат Измените на планот за вработување за 2021 година, посочија денеска на прес конференција од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Како што велат тие народните пари се трошат за вработувања во локалната самоуправа.

„Градоначалникот на Општина Штип не само што расфрла народни пари за пијалоци, туку со оваа одлука планира да потроши дополнителни 9 милиони денари на годишно ниво само за новите вработени во локалната самоуправа. Се врши партизација, се преполнува администрацијата и прашање е дали во општината секој има сопствено столче и компијутер. Со овие политики на превработеност во администрацијата и трошење на 150 илјади евра само за вработување на 20 нови луѓе, во 2021 година се докажува дека во сигурни раце се само блиски и партиски лица на градскиот татко. Градоначалникот очигледно брза да врбува се поголема група на гласачи кој ќе му се доживотно благодарни за вработувањето, но во таа трка со времето заборава една клучна работа, слоганот во сигурни раци се однесуваше на сите граѓани.“- истакнаа од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.

Градоначаникот на Општина Штип, Сашко Николов, одговарајќи  упати прашање до потпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.

„Станува збор за вработени во општината кој што се Договор на дело од 3-4 години, кој што истекуваат опциите за продолжување на Договор на дело и е потребна реализација во посистематизација за пополнување на оние места кој што се правници, економисти, сите оние кој што се потребни како структури за работа на општината. Јас ќе поставам едно прашање, пошто често самиот портпарол на ВМРО ДПМНЕ знае да излезе да даде критика, еве јас поставувам прашање: Каков е работниот статус на неговата сопруга?“- одговори Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов.

Предлог одлуката за давање согласност на измена на Годишниот план за вработување на Општина Штип за 2021 година беше тринаесета точка по ред на Дневниот ред и е изгласана со мнозинство гласови, но на истата не присуствуваа советниците од ВМРО ДПМНЕ, кои ја напуштија седницата на претходната точка.

Лаура Стојанова М Нет