За неполни два часа имало три тепачки во Штип во текот на вчерашниот ден

Три физички пресметки во Штип за два часа биле пријавени во текот на вчерашниот ден во СВР Штип.

На 06.07.2024 во 19.40 часот во СВР Штип било пријавено дека во Штип, по претходна вербална расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.М.(57) и П.С., двајцата од Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.07.2024 во 20.09 часот во СВР Штип, Т.Д.(61) пријавил дека во Штип бил физички нападнат со тврд предмет од Т.Н., двајцата од Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.07.2024 во 21.30 часот во СВР Штип, А.К.(42) пријавил дека околу 21.00 часот во Штип бил физички нападнат од Д.В,. двајцата од Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.