
Младиот и песпективен фудбалер Албнор Каба е слободен играч, откако си замина од струшки Караорман, откако клубот испадна од Втора во Трета лига – Југозапад.
21-годишниот дефанзивец во Караорман пристигна од редовите на албански Кукси каде настапуваше за тимот до 21 година, а претходно играше за Воска Спорт, Велешта и Шкендија од Тетово.
Младиот Каба беше еден од најважните играчи на Караорман, тој ги одигра сите првенствените натпревари за сега веќе поранешниот второлигаш од Струга, а дополнително двапати беше и во тимот на колото во Втората македонска фудбалска лига.
Каба е слободен, а интерес за него има од неколку клубот, а во следниот период ќе биде познато каде ќе ја продолжи својата кариера.
Александар Ванев, М-Нет