За малиот Оливер од Кочани се потребни 19 илјади евра за лекување во Турција

Малиот Оливер Мирозов од Кочани е дете со аутизам кој има потреба од лекување во странство. За транспалатација на матични клетки во Република Турција потребни се 19 илјади евра, пари кои семејството Мирозови од Кочани не можат сами да ги обебзедат. Затоа потребна е хуманитарна помош за десетгодинишниот Оливер од Кочани да може да замине на лекување во Турција и да се подобри неговата здравствена состојба.

„Потребни се парични средства некаде околу 19 илјади вера само за трансплатација на матични клетки. Овде не може ништо медицински да му се помогне на Оливер, бидејќи тука за аутизмот нема некој лек, ама турците велат дека тие со трансплатација на матични клетки може да се подобре ситуацијата на Оливер. Тој има проблем со говорот. “ – вели мајката.

За Оливер Мирозов се отворени трансакциски сметки, а може да се донира и на телефонски број. Средствата кои се собираат за Оилвер се со цел да му се помогне и да се подобри неговата комуникативност.

Лаура Стојанова М-Нет