За едно деноноќие пет лица ја изгубиле битката со Ковид 19 во Источниот дел од државата

Стабилна ситуација со Ковид 19 во Источниот дел од државата. Последната недела во конинуитет бројот е со тренд на опаѓање, се намалува и притисокт врз болниците, но остануваат препораките за почитување на мерките и протоколите за заштита од невидливиот непријател. Во Клиничка болница Штип, хоспитализирани се вкупно 76 ковид пациенти од кои 41 во модуларната ковид болница и 35 на Инфективното одделение. Слободни се 18 кревети за ковид пациентите, 3 во модуларната болница и 15 на Инфективно одделение без можност за кислородна поддршка, истакна потпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска. Во последните 24 часа примени се само 5 нови пациенти, а како оздравени регистрирани се 14. Голема е бројката на лица кои имаат потреба од кислородна поддршка, односно нивниот број е 61 пациент. Битката со невидливиот непријател ја изгубиле 3 лица, едно од Штип, едно лице од Пробиштип на 75 годишна возраст и едно лице од Виница 65 години. Во кочанската Општа болница со проширена дејност хоспитализирани се 34 пациенти, од кои 29 во модуларната ковид болница и 5 на Физикална медицина. Намален е бројот на лица кои имаат потреба од кислородна поддршка, односно тој број е 18, истакна директорот на болницата, Александар Срафимов. Во текот на ноќта две лица починале од корона вирусот, едно од Кочани и едно лице од село Мојанци, кочанско.
Според информации од Министерството за здравство вкупната бројка на ковид дијагностицирани  лица во нашата држава од почетокот на епидемијата изнесува 149.710, бројката на оздравени пациенти 127.139, починати 4.628, а бројот на активни случаи изнесува 17.943.

Лаура Стојанова М-Нет