
Денеска започна работна активност за чистење на станот на Мики Трајчевски, познат за штипјани како Мики Ли. Речиси десетина години, овој стан е во состојба за која сувишни се зборови за негово опишување. Откако истиот се запалил, и остана празен, во него може да се види само ѓубре, отпад, рушевина и смрдеа.
Жителите на оваа зграда во повеќе наврати барале чистење на овој стан. Како што велат тие немаат ништо против Мики, меѓутоа ситуацијата на станот им создава само проблеми. Живеат мали деца овде, а станот е оставен на работ на времето. Едноставно овде се нема променето ништо со години, освен што се зголемува неподносливиот мирис, и соочувањето освен со губре и со разни животинчиња.
Внукот на Мики Ли, Раде, оваа одговорност ја презема на свој грб. По барањето од Општина Штип да се помогне за станот да се исчисти, екипи на ЈП„Исар“ утринава пристигнаа со камион каде треба да се собира отпадот. Помош за акцијата имаше од вработените во ЈП„Исар“, внукот на Мики Ли, како и лица кои самостојно доброволно се вклучиле во акцијата. Не се чисти за еден ден, истакна внукот на Мики Ли, меѓутоа со упорност и вистинска работа се очекува работата да се заврши.
Лаура Стојанова М-Нет