За време на викендот пронајдена дрога на повеќе локации во Штип

Според информации на МВР, за време на викендот била пронајдена дрога на повеќе локации во Штип во одделни случаи.

На 21.09.2024 во СВР Штип бил извршен службен разговор со Б.М.(40) од Штип. Претходно, со судска наредба, во неговиот дом во Штип полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип извршиле претрес, при што биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот, против Б.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.09.2024 во 00.35 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги привеле 20 – годишната Д.О. од Штип и К.А.(33) од с.Марвинци, валандовско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени грутчеста материја и прашкаста материја. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 21.09.2024 во 20.15 часот на ул.„Ванчо Прќе“ во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го привеле М.Б.(30) од с.Иванковци, велешко. При преглед во возилото „форд“ со штипски регистарски ознаки, во кое се превезувал, кај него била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.09.2024 во 00.05 часот во деловен објект во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип лишиле од слобода малолетник од Штип поради сомнение дека е сторител на кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. При контрола во деловниот објект во Штип, во негова близина била пронајдена и одземена марихуана.