
Екипата на Слога Виница која е главен фаворит за баражот за Втора лига на домашен терен со 8:2 ја декласираше Тиверија од Струмица. Ѓорѓиев и Амедов постигнаа по три гол, а Ристов и Ристовски по еден погодок. За Тиверија стрелци беа Пандевски и Трајков со што Тиверија во Струмица се враќа декласирана.
Карбинци ремизираше со Дојранско Езеро играјќи 1:1. За гостинската екипа Трајанов погоди по девет минути игра, а Петар Илиев во 36. минута постигна гол за конечни 1:1, откако во вториот дел мрежите мируваа.
Фудбалот се врати во Турново, а на првиот домашен меч некогашниот прволигаш Хоризонт Турново со 2:1 славеше над Брегалница од Делчево.
Коцевски во 13. минута погоди за 1:0 на полувреме, а на старотот од вториот дел Гоцев погоди за 2:0. Во 81. минута од натпреварот Пешовски погоди за конечни 2:1 на „Кукуш“.

Светлост на својот прв меч на домашен терен како третолигаш прокоцка можност да ги освои трите бодови во дуелот со Малеш, откако Јакимов во 48. минута погоди за 1:0, а Бојчовски во 88. минута ги постави конечните 1:1 и делба на бодовите.
Ударник на домашен терен претрпи нов пораз, овој пат од Овче Поле од високи 1:4. Стојановски и Нацев беа двојни стрелци за гостинот од Свети Николе, а Коколански погоди за домашниот тим.