
Женскиот ракометен клуб Куманово го претстави првото летно засилување, станува збор за повратничката Мила Трајковиќ која доаѓа од редовите на ЖРК Металург Автокоманда.
23-годишната ракометарка игра на позицијата крило и ќе биде големо освежување во редовите на Куманово за новата сезона во која Куманово влегува со повисоки цели.
Трајковиќ е поранешна младинска репрезентативка на Македонија, а потекнува од редовите од Куманово, со што враќањето во нејзиниот поранешен клуб е позната средина.
Куманово ланската сезона заврши на 5. место на табелата со 57 бодови на своето конто и скор од 19 победи и седум порази.
Александар Ванев, М-Нет