ЖРК Вардар се засили со Нина Неделковска

Женскиот ракометен клуб Вардар во новата сезона од Суперлигата ќе влезе со изменет лик. Клубот пополека го добива својот лик,откако беше промовирана и Нина Неделковска како четврто засилување.

Неделковска доаѓа од екипата на Скопје, а со Вардар стави потпис на едногодишен договор. Станува збор за млад и перспективен играч, кој има одлична сезона зад себе.

Неделковска беше во врвот на листата на стрелци, на неколу дерби натпревари беше најистакнат стрелец и поединец, а со неа Вардар добива вистинско освежување за новата сезона.

Вардар минатата сезона заврши на 4. место на табелата со 61 освоен бод и имаше скор од 20 победи, едно реми и пет порази.

Александар Ванев, М-Нет